ИЛОН МАСК ГО ПОСЛУША ТРАМП ЗА „СУПЕРИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА“ Го прекрстува SpaceXAI во SpaceXSI

Маск не даде дополнителни детали ниту временска рамка за спроведување на промената на името.

1

Илон Маск, извршниот директор на „SpaceX“, најави дека ќе го промени името на одделот за вештачка интелигенција на компанијата од SpaceXAI во SpaceXSI, откако американскиот претседател Доналд Трамп почна да го промовира терминот „суперинтелигенција“ наместо „вештачка интелигенција“.

Маск ја потврди промената на социјалната мрежа X, одговарајќи на корисник кој праша дали компанијата ќе го смени своето име.






„Да, ќе ја направиме таа промена“, напиша тој.

Минатиот месец, за време на говорот на Генералното собрание на Обединетите нации, Трамп изјави дека американските документи – а, како што се надева, и документите ширум светот – треба да го користат терминот „суперинтелигенција“ наместо „вештачка интелигенција“.

Во моментот на пишување на оваа вест, профилот на компанијата на X сè уште не беше ажуриран. Маск не даде дополнителни детали ниту временска рамка за спроведување на промената на името.

Поврзани содржини