ИРАН ПЛАНИРА ДА ГО ЗГОЛЕМИ ДОСТРЕЛОТ И БРЗИНАТА НА СВОИТЕ РАКЕТИ Претставник на армијата тоа го нарече „неопходен потег“
Во иранскиот ракетен арсенал веќе се инкорпорирани ракети со среден дострел способни да прелетаат растојание меѓу 1.500 и 2.000 километри, со што делови од југоисточна и централна Европа влегуваат во нивниот дострел.
На Иран му е потребно да ги подобри дострелот и брзината на своите ракети, изјави портпаролот на армијата Мохамад Акраминија во интервју за полуофицијалната агенција „Фарс“, објавено денеска.
Акраминија, пренесува ДПА, смета дека е тоа неопходен потег бидејќи непријателските сили сега кон Иран дејствуваат на оддалеченост до 1.000 километри од границите на земјата.
Тој дострел го опфаќа регионот на Заливот, Кавказ и делови од Централна Азија. Исто така, ги покрива цела источна и централна Турција, вклучително и воздушната база „Инџирлик“ што ја користи НАТО.
Иранската ракетна програма долго време е клучен извор на тензии со западните сили, потсетува германската агенција.
Во иранскиот ракетен арсенал веќе се инкорпорирани ракети со среден дострел способни да прелетаат растојание меѓу 1.500 и 2.000 километри, со што делови од југоисточна и централна Европа влегуваат во нивниот дострел.
Техеран наведува дека моментално го ограничува дострелот на своите балистички ракети на 2.000 километри, а тој ја покрива целата територија на Израел, пренесува ДПА.