ТРАМП ГО ИСМЕЈА ТРУДО Го нарече „гувернер на големата држава Канада“

Со нетрпение очекуваме наскоро повторно да се сретнеме со гувернерот (Џастин Трудо) за да можеме да продолжиме со нашите детални дискусии за тарифите и за трговијата, рече Доналд Трамп, потсмевајќи му се на канадскиот премиер.

1,027

Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, го исмејуваше канадскиот премиер, Џастин Трудо, нарекувајќи го „гувернер на големата сојузна држава Канада“.

„Ми беше големо задоволство синоќа да вечераме со Џастин Трудо, гувернерот на големата сојузна држава Канада“, рече Трамп во објавата на социјалната мрежа „Трут сошал“ (Truth Social).






Изјавувајќи дека зголемувањето на царините за 25% ќе има негативно влијание врз канадската економија, Трамп му се обрати на Трудо како „гувернер на државата“.

„Резултатите ќе бидат навистина прекрасни за сите. Со нетрпение очекуваме наскоро повторно да се сретнеме со гувернерот за да можеме да продолжиме со нашите детални дискусии за тарифите и за трговијата. Со нетрпение го очекувам тоа“, рече Трамп, потсмевајќи му се на канадскиот премиер.

Најавата на Трамп дојде откако на настанот одржан во Стопанската комора на Халифакс, Трудо коментираше за негативните ефекти од зголемувањето на царините на Трамп врз американските потрошувачи.

– Мислам дека луѓето јужно од границата почнуваат да го сфаќаат фактот дека ставањето тарифи за сè што доаѓа од Канада ќе го направи животот многу поскап – рече Трудо на настанот.

Трудо се сретна со Трамп во неговата вила Мар-а-Лаго на Флорида кон крајот на ноември.

Кога Трамп ја презеде функцијата, тој најави дека ќе воведе царина од 25% за сите производи кои доаѓаат од Мексико и од Канада, како и дополнителни 10% за производите кои доаѓаат од Кина.

Поврзани содржини