ТРАМП Е СПРЕМЕН ДА ЈА ПРИЗНАЕ РУСКАТА КОНТРОЛА ВРЗ КРИМ Протекоа нови детали од планот на САД за ставање крај на војната во Украина

Предлогот на САД вклучува и воспоставување прекин на огнот долж сегашните линии на фронтот во Украина.

519

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, е подготвена да ја признае руската контрола врз Крим како дел од предлогот за ставање крај на војната во Украина, јави денеска Си-Ен-Ен, повикувајќи се на добро информирани функционери.

Предлогот вклучува и воспоставување прекин на огнот долж сегашните линии на фронтот.






Неименуван функционер за Си-Ен-Ен изјавил дека планот им бил претставен на европските и на украинските претставници кои се состанале во четвртокот во Париз.

Мировната рамка беше спомната и во телефонскиот разговор меѓу државниот секретар на САД, Марко Рубио, и министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Делови од тој план треба да се финализираат и САД планираат да работат со Европа и со Украина на ова следната недела во Лондон, рекол неименуваниот извор.

Поврзани содржини