ТОВАРЕН БРОД ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ ПОГОДЕН ОД НЕПОЗНАТ ПРОЕКТИЛ Запрена евакуацијата на илјадници морнари
Стотици бродови и илјадници морнари се блокирани во Персиски Залив од 28 февруари, кога САД и Израел го нападнаа Иран.
Меѓународната поморска организација на Обединети нации (ИМО) ја стопира планираната евакуација на повеќе од 11.000 морнари од Ормуска Теснина откако во мореузот беше нападнат товарен брод.
Товарниот брод, што плови под знаме на Сингапур вчера беше погоден од непознат проектил на 75 наутички милји југоисточно од оманското пристаниште Дахит.
САД тврдат дека врз бродот пукала иранската армија.
Директорот на ИМО Арсенио Домингез истакна дека бродот не пловел по рутата за евакуација на Меѓународната поморска организација.
Корпусот на исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) вчера предупреди дека секој брод што поминува низ Ормуска Теснина мора да има одобрение. ИРГЦ се закани дека врз бродовите кои немаат одобрение, а ќе се обидат да поминат низ мореузот ќе бидат преземени „соодветни мерки“.
– Единствена одобрена рута за транзит низ Ормуска Теснина е таа што ја објави Исламската Република Иран. Секое поминување без одобрување е неприфатливо и опасно и ќе има последици, се наведува во соопштението на ИРГЦ.
Стотици бродови и илјадници морнари се блокирани во Персиски Залив од 28 февруари, кога САД и Израел го нападнаа Иран. Според потпишаниот Меморандум за разбирање помеѓу САД и Иран, Техеран треба да обезбеди безбеден премин за комерцијални бродови.