ТОПЛОТЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ ЦЕЛА ГРЦИЈА Се очекуваат температури до 42 степени

Цивилната заштита упати препораки до граѓаните да избегнуваат подолг престој на сонце, да внесуваат доволно течности и да бидат особено внимателни поради зголемената опасност од пожари.

554

Тридневен топлотен бран од денеска до среда ќе ја зафати цела Грција, при што температурите на некои места ќе достигнат и над 40 степени Целзиусови.

Поради најавените екстремно високи температури, вчера заседаваше Специјалната комисија за проценка на ризици, а Цивилната заштита упати препораки до граѓаните да избегнуваат подолг престој на сонце, да внесуваат доволно течности и да бидат особено внимателни поради зголемената опасност од пожари.






Според метеоролошките прогнози, највисоки температури се очекуваат утре, кога во Тесалија се предвидува до 41 степен, додека во областа Агринио, во Западна Грција, температурата може да достигне до 42 степени Целзиусови.

Од среда се очекува постепено намалување на температурите, и тоа прво во северните делови на земјата, а од четврток и во останатиот дел од Грција

Поврзани содржини