🎥 ШПАНИЈА Е НОВ СВЕТСКИ ШАМПИОН Феран Торес донесе злато по вистинска драма во продолженијата
Натпреварот понуди ретко видено возбудување во дополнителните 30 минути, каде Шпанците постигнаа уште два гола кои беа поништени.
Шпанската фудбалска репрезентација се искачи на светскиот трон по неверојатно драматичното финале против Аргентина, решено со гол во продолженијата за минимален триумф од 1:0.
Торес за екстаза во 106. минута
Клучниот момент се случи на самиот старт на второто продолжение. По една фантастична акција и прецизен центаршут, Нико Вилијамс со повратна топка маестрално го пронајде Феран Торес. Торес упати вистински проект во мрежата на Аргентина за водство од 1:0 и огромно славење на „црвената фурија“.
Драма, поништени голови и неверојатни промашувања
Натпреварот понуди ретко видено возбудување во дополнителните 30 минути, каде Шпанците постигнаа уште два гола кои беа поништени. Во 93 минута Нико Вилијамс со врвот на копачката ја закачи топката, но Емилијано Мартинез со својата 11. одбрана на мечот спаси чист гол. Во 100 минута Вилијамс ја затресе мрежата, но голот беше поништен поради претходен прекршок на Мерино над Отаменди. Во 112 минута Феран Торес истрча во контранапад и повторно погоди, но судиите сигнализираа офсајд.
View this post on Instagram
Тензичен финиш до последната секунда
Аргентина се обидуваше да избори пенали, но Шпанија имаше шанси да стави точка на мечот и да поведе со 2:0. Во 116. минута, Нико Вилијамс излезе сам пред противничкиот гол, но се сплетка во клучниот момент. Веднаш потоа, Лионел Меси во очајнички обид со силен шут го погоди Мерино директно во главата, по што шпанскиот фудбалер остана да лежи на тревата.