ТОЛКАВ АНТИМАКЕДОНЕЦ ШТО ЈА СЛАВЕЛ ПОБЕДАТА НА ДАРА Филипче е уценет дури и кога станува збор за Евровизија?

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека лидерот на СДСМ се додворува на Софија и е уценет до тој степен што се радува на победата на Евровизија на земјата коа го негира идентитетот на Македонија.

8

„Уценетиот лидер на СДСМ Венко Филипче е толку антимакедонски настроен и за да се додвори уште повеќе на Бугарија верувале или не ја славеше нивната победа на Евровизија“.

Со овие зборови на партиска прес-коференција, Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ го обвини лидерот на СДСМ дека се радува на победата на земја која го негира идентитетот на Македонија.






„Да речеме и дека нема проблем со тоа, знаеме дека Венко Филипче први антимакедонец има свој автентичен стил на музика, но проблемот е во тоа што таа држава за која тој се радува, нас ни го негира идентитетот.

Филипче први антимакедонец, гордо и со високо крената глава не ги осудува навредите на бугарските власти, бидејќи за него тие коментари се гордост и успех“, вели Манасиевски во партиското соопштение од прес-конференцијата.

Според Манасиевски, иако Софија јасно вели дека уставните измени не се последното барање, Филипче уште утре би ги внел Бугарите во устав, за, како што вели, Бугарија потоа пак да може да нè блокира.

„Филипче први антимакедонец ќе направи сè за да и наштети на својата држава, затоа што е уценет од група на бугарски политичари поради неговите криминали направени со Зоран Заев.

За среќа на граѓаните, Филипче први антимакедонец нема да може да ги исполни своите желби затоа што нема да дојде на власт. СДС е сега четврта партија во Македонија, а Филипче е меѓу политичарите со најниска доверба од граѓаните. На следните избори може и да ги снема од политичката сцена“, смета Манасиевски.

Поврзани содржини