🎥 📷 ГНЕВ И ТАГА ПО БРУТАЛНОТО УБИСТВО НА 19-ГОДИШЕН ДОСТАВУВАЧ НА ПИЦИ Убиецот-психопат со години сеел страв, имал списоци за ликвидација

Областа Дрниш е под опсада на полиција, специјални сили кои го бараат 50-годишниот Алексиќ. Полицијата објави и негова фотографија и ги предупреди граѓаните дека е вооружен и опасен и дека не треба да му се приближуваат. 

601

Хрватското гратче Дрниш, во близина на Шибеник, е завиено во тага и неверување по убиството на средношколец кој работел како доставувач на храна за да заработи џепарлак. 19-годишното момче беше убиено во саботата вечерта, откако му доставило пица на 50-годишниот Кристијан Алексиќ, осудуван насилник со психијатриски проблеми.

Според сведоштва на соседи, младиот доставувач и неговиот пријател пристигнале пред куќата на Алексиќ, кој, наместо да ги пречека надвор, ги повикал да се качат на катот. Таму, на терасата од семејната куќа, тој наводно го застрелал момчето.






Сосетка која живее во близина изјавила дека во моментот на убиството слушнала истрели, но помислила дека станува збор за петарди или огномет.

Жителите на Дрниш велат дека со години живееле во страв од Алексиќ, за кого тврдат дека имал психички проблеми и чудно однесување уште од детството. Тие посочуваат дека во 2023 година кај него бил пронајден пиштол од домашна изработка, а според гласини, имал и список на луѓе што сакал да ги убие.

Алексиќ во 2002 година бил осуден на 12 години затвор за тешко убиство на 24-годишната Маријана Сучевиќ, извршено во мај 1994 година. Според претходните наводи од судската постапка, тој ја нападнал девојката со нож, а потоа и со метална прачка, по што му е наредено задолжително психијатриско лекување. И покрај тоа, тој бил на слобода.

Трагедијата силно ја потресе локалната заедница.

– Убиен е нашиот град – изјавила инструкторка по возење која го познавала момчето, додавајќи дека никој не треба повторно да доживее ваква трагедија.

По убиството Алексиќ побегнал, и полицијата и натаму трага по него. Според локалните жители, тој е во одлична физичка форма, добро го познава теренот околу Дрниш, и можел лесно да се крие.

Фото: Принтскрин

 

Областа Дрниш е под опсада на полиција, специјални сили кои го бараат 50-годишниот Алексиќ.

Полицијата објави и негова фотографија и ги предупреди граѓаните дека е вооружен и опасен и дека не треба да му се приближуваат, туку да се јават на 192.

Мештаните се револтирани што, и покрај претходните пријави и проблематичното однесување, Алексиќ не бил сместен во установа.

– Сите велеа дека претходно се заканувал со убиство, составувал списоци за ликвидација, дека им се заканувал на дуќанџии и аптеки. Можел да биде агресивен, неколку пати бил пријавуван во полиција – изјави новинарка што ја следи потерата по Алексиќ.

НАРАЧАЛ ПИЦА, ПА ГО УБИЛ ДОСТАВУВАЧОТ Убиството ја потресе Хрватска, а полицијата трага по убиецот

 

Поврзани содржини