ФИЛИПЧЕ ГИ ПРОДАВА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ КАКО ЗАЕВ ЛУБЕНИЦИ Спремен е да го прифати секое барање на Бугарија само за да дојде на власт, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Не би било изненадување, на следните избори СДСМ да добие едноцифрен број пратеници, зошто таква предавничка и поданичка политика како на СДС и Филипче, граѓаните не прифаќаат, нагласува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

0

Не постои барање од Бугарија кое Венко Филипче исто како и Зоран Заев, не е спремен да го исполни без никаков приговор, само за да дојде на власт, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Како пион на Румен Радев, уценетиот Филипче уште од опозиција си кажува на што е спремен и што сѐ може да прифати и спроведе само за да има можност да седне на премиерската фотелја.






Така, Филипче стана главен лобист за прифаќање на бугарскиот диктат и е најгласен за спроведување на уставните измени, а од друга страна збор не кажува додека бугарските власти нѐ нарекуваат ‘северномакедонци’.

Освен тоа, па уште тврди дека Бугарија не го негира нашиот национален идентитет, додека официјалните лица на Софија велат дека нашите револуционерни дејци, херои и великани, Гоце Делчев, Сандански и другите, се Бугари, а и дека македонскиот јазик потекнувал од бугарскиот.

Но што може да се очекува од пионот на Радев, Филипче и СДС кога во своите редови го имаат Стево Пендаровски, Рубин Земун и останатите на кои ставовите не им се различни од бугарските.

Од главниот лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум, Филипче не може да се очекува да ги брани државните интереси, затоа што тој гледа проблем во тоа источниот сосед да нѐ смета за држава од 1945 година па наваму, затоа со Зоран Заев ги бришеше одлуките на АСНОМ во уставот.

Пионот на Румен Радев, Венко Филипче за да се додвори на Бугарија уште утре е спремен да ги распродава историјата, јазикот, културата и идентитетот, како што Заев би продавал лубеници и пиперки на пазарот во Горни Милановац“, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реаакцијата.

Од партијат авелат дека оваа политика на Филипче е погубна и за државата и за партијата СДСМ, а тоа го потврдува и неговиот рејтинг од само 3%, што е еден процент помал од партискиот кој изнесува 4%.

„Поради желбата по секоја цена да дојде на власт, Филипче се претвори во главен промотор на бугарските барања и стана послушен пион на Радев, со што СДС ја направи четврта партија Македонија и ја бетонираше на дното на политичката сцена. Не би било изненадување, на следните избори да добијат едноцифрен број пратеници, зошто таква предавничка и поданичка политика како на СДС и Филипче, граѓаните не прифаќаат“, нагласува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Поврзани содржини