📽️ СНИМЕН МОМЕНТ КОГА АВИОНОТ ВО СПЛИТ ИЗЛЕТА ВО ТРЕВАТА Црна кутија има, истрагата може да трае со месеци

Нова снимка од патник открива како авионот на „Кроација ерлајнс“ завршил надвор од пистата при полетување од Сплит кон Франкфурт. Од Агенцијата за истрага на несреќи во Хрватска соопштиле дека причината за инцидентот најверојатно ќе биде позната дури по неколку месеци.

1

На социјалните мрежи се појави нова снимка од авионот на „Кроација ерлајнс“ што во саботата излетал од пистата на аеродромот во Сплит и завршил на тревна површина. Инцидентот се случил за време на полетување кон Франкфурт.

Главниот истражител за воздушни несреќи Дарко Петрин изјави дека причините засега не се утврдени, но авионот во еден момент свртел лево и излегол од асфалтниот дел на пистата.






– Од причини кои засега се неутврдени, авионот свртел лево за време на полетувањето, потоа го напуштил асфалтниот дел од пистата и завршил на тревна површина – изјави Петрин.

 

Дронови не, црни кутии да

Истражителите веќе ги заплениле снимачот на податоци за летот и снимачот на разговори во пилотската кабина. Анализата на таканаречените црни кутии е во тек.

„Црна кутија“ е уред во авионот што ги снима најважните податоци за летот и разговорите во пилотската кабина. Уредот не е буквално црн, туку се работи за термин кој потекнува од раните воени и технички системи што не смееле да се отвораат или чепкаат.

Од Агенцијата за истрага на несреќи соопштиле дека причината за инцидентот најверојатно ќе биде позната дури по неколку месеци.

 

Минимална штета, нема повредени

Според првичните информации, никој од патниците и членовите на екипажот не е повреден. Авионот „ербас А220-300“ претрпел минимална штета на предниот дел и на левиот мотор.

Во следната фаза од истрагата ќе бидат сослушани членовите на екипажот, а ќе се вклучат и производителот на авионот и други стручни институции.

Поврзани содржини