ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДЕЛУВА АНТИДРЖАВНО Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ нотира деструктивното делување на опозицијата
Извршниот комитет донесе одлука за теренска агенда на координаторите од ИК за посета на општинските и месните комитети на партијата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ нотира деструктивното делување на опозицијата во насока на рушење на Алта банка и губење на пари на илјадници граѓани, соопшти партијата по редовната седница на Извршниот комитет.
„Антидржавното делување на Венко Филипче е во насока на подривање на системот, ширење параноја и саботажа на банкарскиот систем. Беше изразено уверување дека институциите работат и дека ќе се најде решение со кое ќе се заштитат интересите на банката“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот Христијан Мицкоски, се додава, информираше за средбата со раководството на ВЛЕН.
„Тој посочи дека на средбата биле дискутирани принципите на коалицијата, идните предизвици во делот на енергетските состојби, а за кадровските решенија дискусијата ќе продолжи во наредниот период“, се вели во соопштението.
Воедно, Извршниот комитет донесе одлука за теренска агенда на координаторите од ИК за посета на општинските и месните комитети на партијата.