ТИНЕЈЏЕРИ СЕ СУДРИЈА СО МОТОРИ, ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА Двајцата возеле без возачки дозволи
Во селото Ораовица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „априлија“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од село Ораовица и мотоцикл „хонда" управуван од К.Т.(18) од село Подареш, радовишко, соопшти полицијата.
Тинејџери на 15-годишна и на 18-годишна возраст вчера се судриле со мотори во селото Ораовица, Радовишко. Двајцата завршија тешко повредени, а повреден е и 16-годишен сопатник.
„На 14.6.2026 година во 16:30 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека во село Ораовица, радовишко, на место викано Манастирско место се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „априлија“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од с.Ораовица и мотоцикл „хонда” управуван од К.Т.(18) од село Подареш, радовишко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди се здобил сопатникот од мопедот, 16-годишник од с.Ораовица, радовишко, констатирани во Клиничка болница Штип“, соопшти полицијата.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш, при што е констатирано дека двајцата возеле без возачка дозвола.
„По целосното документирање ќе следуваат соодветни пријави“, се додава во соопштението.