ТЕПАЧКА ВО ЦЕНТАРОТ НА ЛЕСКОВАЦ, ЗАИГРАЛЕ НОЖЕВИ Момче избодено пред очите на својот татко
На момчето попладнето му била извршена операција и тоа, според лекарите, е надвор од животна опасност.
Шеснаесетгодишно момче денеска по 14 часот е избодено пред очите на својот татко во центарот на српскиот град Лесковац, објавија српските медиуми.
На момчето попладнето му била извршена операција и тоа, според лекарите, е надвор од животна опасност.
– Беше примено со два видливи убода во пределот на градниот кош и стомакот – вели во изјава д-р Небојша Димитријевиќ, директор на Општата болница во Лесковац, додавајќи дека таткото на момчето бил полесно повреден во тепачката што му претходела на нападот со нож.
Полицијата соопшти дека напаѓачот е уапсен и дека исто така е помлад човек. За сѐ е известено надлежното обвинителство, додаваат оттаму.
Мотивот за нападот и тепачката се истражува. Според неофицијални информации, инцидентот се случил во пекарница, каде било скршено стаклото од витрината, пишува Телеграф.