„ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА ВОЈНА“ ВО БАЛТИЧКОТО МОРЕ Оштетен е кабел на руската компанија „Ростелеком“
„Ростелеком“ не дале дополнителни детали и соопштиле дека не е јасно кога настанала штетата. Финската крајбрежна стража вчера наутро на платформата Икс објави дека следи руски брод кој го поправа оштетениот руски кабел во Финскиот залив.
Подморскиот кабел на рускиот магнат „Ростелеком“ е оштетен во Балтичкото Море како резултат на надворешен удар пред извесно време, пренесе Москов тајмс.
Работите за реставрација се во тек и инцидентот досега немал никакво влијание врз претплатниците, додаваат од „Ростелеком“.
„Ростелеком“ не дале дополнителни детали и соопштиле дека не е јасно кога настанала штетата. Финската крајбрежна стража вчера наутро на платформата Икс објави дека следи руски брод кој го поправа оштетениот руски кабел во Финскиот залив.
Регионот на Балтичкото Море е во состојба на висока готовност по серијата прекини на електричните кабли, телекомуникациските врски и на гасоводите меѓу Балтикот и Шведска или Финска, што доведе до зголемени операции за надзор од страна на членките на НАТО.
Се верува дека сите немири биле предизвикани од бродови кои влечеле сидра по морското дно откако Русија ја започна војната во Украина. Русија негира каква било вмешаност.