TАЈВАН ВО СТРАВ ЈА ОЧЕКУВА ПОСЕТАТА НА ТРАМП НА ПЕКИНГ „Можни се некои маневри“

Во оваа фаза, САД постојано ни потврдуваат – и јавно и во приватна комуникација – дека нивната политика кон Тајван не е променета - изјави шефот на тајванската Служба за национална безбедност.

0

Кина би можела да се обиде со одредени „маневри“ поврзани со прашањето за Тајван за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина следната недела, кога е предвидена средба со кинескиот лидер Шји Џинпинг, изјави директорот на тајванската Служба за национална безбедност, Цаи Минг-јен.

Во исто време, тој посочи дека Тајван добил уверувања од САД дека Вашингтон не ја променил својата политика кон островот. Цаи им изјави на новинарите во тајванскиот Парламент дека главниот фокус на разговорите меѓу Трамп и Шји ќе биде пристапот кон одредени прашања, а не „решавањето на фундаменталните проблеми“.

– Кога станува збор за прашањето за Тајван, сметам дека кинеските комунисти би можеле да се обидат со одредени маневри за време на разговорите. Во оваа фаза, САД постојано ни потврдуваат – и јавно и во приватна комуникација – дека нивната политика кон Тајван не е променета – додаде тој.

Американскиот државен секретар Марко Рубио оваа недела, за време на брифинг во Белата куќа, изјави дека Тајван најверојатно ќе биде една од темите на разговорите меѓу Трамп и Шји, при што и двете страни разбираат дека не е во ничиј интерес да дојде до дестабилизација поврзана со островот.

Поврзани содржини