СРПСКИ ВОЕН АВИОН ПОЛЕТА КОН МАКЕДОНИЈА ЗА МЕДИЦИНСКА ЕВАКУАЦИЈА НА ПОВРЕДЕНИТЕ Тим лекари ќе остане во земјава за дополнителна помош

Планирано е со тој авион да се евакуираат 12 пациенти, кои ќе се лекуваат во Воено медицинската академија и во Клиничкиот центар на Србија.

543

Авион на српската армија со четворица лекари и со четворица медицински техничари се упати кон Македонија за медицинска евакуација на повредените во синоќешната несреќа во Кочани, јавува МИА од Белград.

Планирано е со тој авион да се евакуираат 12 пациенти, кои ќе се лекуваат во Воено медицинската академија и во Клиничкиот центар на Србија, соопшти српското Министерство за одбрана.






Двајца пациенти, кои со воени амбулантни возила биле пренесени од Македонија, се на лекување во Воената болница Ниш и во Клиничкиот центар Ниш. Тројца пациенти се превезуваат со брза помош и ќе бидат примени на ВМА.

За да им се пружи помош на повредените, планирано е во Македонија да останат двајца лекари од ВМА (пластичен хирург и анестезиолог), како и медицински техничар-инструментар.

Началникот на приемниот оддел на Ургентниот центар во Белград Владимир Арсенијевиќ вечерва изјави дека на клиниката во моментов се подготвуваат за прием на повредени пациенти од Северна Македонија, јави МИА од Белград.

Арсенијевиќ во изјава за српски медиуми, изрази сочувство до граѓаните на Северна Македонија.

Тој апелираше до жителите на Белград да доаѓаат во Ургентниот центар само доколку имаат итни, акутни проблеми за да можат здравствените работници да се подготват за пациентите од Северна Македонија, како и да се грижат за итни случаи.

47 ПОВРЕДЕНИ ЌЕ СЕ ЛЕКУВААТ ВО СТРАНСТВО Неколку пациенти се на кислородна поддршка, но сите се во стабилна состојба

Поврзани содржини