ПРЕТРЕСИ СЕ ВРШАТ И ВО ПРОСТОРИИ НА МВР Обвинителството трага по докази на 32 локации во Скопје
Од Обвинителство известуваат дека врз основа на наредби од судија на претходна постапка се преземаат и други дејствија заради обезбедување докази поради сомненија за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик.
Претреси се вршат на 32 локации во Скопје, на лица, домови и службени простории во МВР, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје во врска со акцијата на МВР.
Од Обвинителство известуваат дека врз основа на наредби од судија на претходна постапка се преземаат и други дејствија заради обезбедување докази поради сомненија за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик.
Претходно објавивме дека МВР спроведува координирана акција со претреси на дваесетина локации поради сомненија за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за C и D категорија.
Акцијата е насочена кон расчистување на случаите и обезбедување материјални докази.
Неодамна во медиумите се актуелизираше голем корупциски скандал во МВР поврзан со незаконско издавање и допишување на „Ц“ и „Д“ категории (за камиони и автобуси) во возачките дозволи на лица кои воопшто немале посетувано обука ниту положено испит.