🎥 АЛКАЛОИД ОБЈАВИ ПРОМОТИВНО ВИДЕО КАКО ДЕЛ ОД 90-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ Приказна што спојува генерации

По повод прославата на 90-годишнината Алкалоид АД објави промотивно видео кое се фокусира на семејните моменти, блискоста и меѓусебната поддршка кои се пренесуваат од колено на колено.

0

По повод прославата на 90-годишнината Алкалоид АД објави промотивно видео кое преку топла и носталгична семејна приказна зборува за спомените, грижата и довербата што се пренесуваат низ децениите.

Видеото е снимено во соработка со More Magnets d.o.o., продукциската куќа на Филип Филковиќ-Филац од Хрватска, чии видеа стекнаа голема популарност на социјалните медиуми во регионот.






Од таа соработка се изнедри и оригиналната емотивна приказна што ги поврзува минатото и сегашноста на Алкалоид.

– Времињата се менуваат. Растеме, создаваме свои семејства, градиме нови спомени. Но некои нешта остануваат – малите гестови на грижа, блискоста и довербата што ја пренесуваме понатаму. Токму од тие мали моменти се создаваат приказните што траат – велат од Алкалоид најавувајќи ја прославата на големиот јубилеј – 90 години.

Видеото ја нагласува врската помеѓу минатото и сегашноста, покажувајќи дека иако времињата се менуваат, суштинските вредности остануваат исти. Приказната се фокусира на семејните моменти, блискоста и меѓусебната поддршка кои се пренесуваат од колено на колено. Како бренд кој трае скоро еден век, Алкалоид се позиционира како незаменлив дел од секојдневието и здравјето на многу генерации.

Поврзани содржини