СРПСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА ПОБАРА САД ДА ГИ ОДЛОЖАТ САНКЦИИТЕ Потребни ѝ се најмалку 90 дена за решавање на прашањето со сопственоста
Барањето се однесува на добивање општи или посебни лиценци кои ќе овозможат компанијата да ги одржува операциите додека се бара прифатливо решение за сопственичката структура и управување, со цел да се осигура дека компанијата, која е регионално и стратешки важна за енергетската стабилност, ќе продолжи да работи.
Српската нафтена индустрија (НИС) испрати официјално барање до Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) за одложување на санкциите.
Ова барање е поддржано од владите на Србија и Унгарија.
Барањето се однесува на добивање општи или посебни лиценци кои ќе овозможат компанијата да ги одржува операциите додека се бара прифатливо решение за сопственичката структура и управување, со цел да се осигура дека компанијата, која е регионално и стратешки важна за енергетската стабилност, ќе продолжи да работи.
„Со оглед на важноста на НИС за српската и регионалната економија, итно бараме OFAC да размисли за итна помош во форма на суспензија на санкциите за минимум 90 дена, додека да се разгледа одржливо решение што ќе доведе до укинување на санкциите“, пишува во соопштението на српското Министерство за рударство и енергетика.
Според Министерството, вработените и граѓаните на НИС немаат причина за загриженост.
„Потсетуваме дека американските претставници постојано јасно повторуваа дека санкциите не се насочени против Србија и нејзините граѓани и соодветно се надеваме на конструктивно продолжување на дијалогот, за да не се наруши енергетската стабилност на Србија, но и на целата регионот“, се нaведува во соопштението.
На српската нафтена индустрија ѝ се закануваат санкции од САД поради руската сопственост.