АМЕРИКА ПРЕДУПРЕДУВА ЗА ГЛОБАЛНИОТ ДОЛГ Бесент бара побрз економски раст

Американскиот министер за финансии Скот Бесент предупреди на огромниот глобален товар од долгови, додека Вашингтон најавува продолжување на економскиот притисок врз Иран.

0

Американскиот министер за финансии Скот Бесент денеска на состанокот на финансиските лидери на Г20 во Ешвил порача дека светот се соочува со огромен проблем со долговите и дека единствениот начин да се намали тој товар е забрзување на економскиот раст.

– Светот е преплавен со долгови, а единствениот начин да излеземе од ова е да растеме – рече Бесент на почетокот на дводневниот состанок на министрите за финансии и гувернерите на централните банки на Групата 20 (Г20).






Бесент истовремено најави продолжување на американскиот економски притисок врз Иран, пренесуваат американските медиуми.

Тој оцени дека иранската економија, доколку блокадата и санкциите продолжат, би можела да се соочи со колапс во следните неколку недели или месеци. Сепак, според него, целосен економски колапс не е неопходен за Техеран да се согласи на преговори.

Во врска со притисокот на Вашингтон врз Кина поради купувањето иранска нафта, Бесент рече дека американските санкции можат да бидат ефикасни и без соработка со Пекинг.

Истовремено, тој порача дека САД и Кина имаат повеќе заеднички интереси отколку што можеби изгледа.

На состанокот зборуваше и претседателот на американските Федерални резерви, Кевин Ворш, кој оцени дека светската економија влегува во период на подолготраен раст.

Како еден од главните двигатели на растот тој го издвои силниот бран на глобални инвестиции, особено под влијание на развојот на вештачката интелигенција.

Поврзани содржини