Сопругата на владетелот на Дубаи имала афера со телохранителот, му платила милиони за да молчи ФОТО

2,470

Поранешната сопруга на владетелот на Дубаи, принцезата Хаја бинт ал-Хусеин, им платила на своите телохранители по 1,2 милиони фунти за да молчат за нејзината афера со едниот од нив, пишува „Дејли мејл“. Телохранителот Расел Флоуерс, со кого стапи во вонбрачна врска, исто така го опсипувала и со скапи подароци како што се луксузни часовници, па дури и сачмарка вредна 50.000 фунти, тврдат тие.

Принцезата Хаја (46), најмладата од шесте жени на шеикот Мухамед бин Рашид ал-Мактум, наводно барала од телохранителот Британец да ѝ прави друштво каде и да се појави, а за возврат го опсипала со скапи ситници. Двегодишната врска дополнително букна во Лондон каде принцезата побегна од својот сопруг и поднесе барање за развод, па побара целосно старателство над нивните две деца. Имено, британските медиуми лани напишаа дека шеикот се сомнева дека неговата сопруга е премногу блиска со телохранителот.






Откако избегала, шеикот објавил арапска песна на Инстаграм, во која, меѓу другите, се наоѓаат и стиховите: „Ти, предавничке, ја предаде најсветата доверба, а твојата игра е разоткриена“.

Борбата на принцезата за старателство над децата во Лондон траеше долго и не беше убава. За време на сослушувањето, за кое шеикот очајнички се бореше да остане приватно, судијата на крајот пресудил дека Хаја претрпела „заплашување“ од шеикот и заклучил дека била исмевана за нејзината врска.

Во својата пресуда пресудена во корист на принцезата, судијата наведува дека таа „започнала прељуба со еден од нејзините машки телохранители“, но во тоа време не било наведено името на телохранителот.

Судијата исто така изјави дека шеикот ја покренал „кампањата за заплашување“ којашто вклучувала развод од неа, дури и без да ѝ каже, организирајќи да се остави оружје во нејзината спална соба, па дури и обид за киднапирање.

Телохранителот Расел, пак, ја остави својата сопруга со која беше во брак четири години, поради принцезата, пишува британскиот таблоид.

– Сопругата на Расел верува дека него го завеле парите и подароците. На странските патувања принцезата секогаш инсистираше на тоа дека имаат поврзани соби. Кога таа беше во Велика Британија, излегуваше со него речиси секоја вечер, а понекогаш тие се враќаа дома дури следното утро -рекол извор за „Дејли мејл“.

„Семејството отсекогаш било дарежливо кон телохранителите. Шеикот честопати им даваше помеѓу 5.000 и 15.000 фунти како бакшиш. Но, подароците што ги добил Расел биле далеку над тоа“, додал изворот.

Таблодиот пишува дека за сè знаеле уште тројца телохранители на кои им било исплатено 1,2 милиони фунти за да молчат, .

Принцезата сега живее со своите две деца во куќа вредна 85 милиони фунти во лондонскиот Кенсингтон.

 

File:HRH Princess Haya of Jordan meets with Tracy Edwards MBE (cropped).jpg - Wikimedia Commons

Поврзани содржини