СДСМ СЕ НАФРЛИ СО НАЈДОЛНИ НАВРЕДИ ВРЗ АНАЛИТИЧАРОТ ПЕТАР АРСОВСКИ „Ја продал верата за вечера“ со колумна!?

Сите овие кои денес се претставуваат како „независни аналитичари" или „нови гласови", всушност се дел од истата машинерија која работи против Фронтот за вистина и правда – пишува СДСМ.

10

„Кога луѓе кои со години работеа за СДСМ, како Петар Арсовски, почнуваат да ја продаваат верата за вечера’, тогаш станува јасно дека не станува збор за анализа, туку за позиционирање. Тие не ја предаваат само партијата. Тие ја предаваат идејата“ – пишува СДСМ во соопштение, со кое ги навредува учесниците на неодамна промовираната Платформа „Разговори за иднината 12.05“.

„Наместо заедно со СДСМ и Фронтот за вистина и правда да се борат против корупцијата и заробената држава, тие сега работат на платформи и наративи кои директно служат на Мицкоски – за слабеење на опозициониот блок.






Сите овие кои денес се претставуваат како „независни аналитичари” или „нови гласови”, всушност се дел од истата машинерија која работи против Фронтот за вистина и правда: дел од партиите, дел од здруженијата, 40 отсто од медиумите во сопственост на Орбан кои работат за ВМРО под диригентската палка на Латас, фарми на тролови, сестрински бот-платформи од СНС, оркестрирани кампањи на социјалните мрежи и обиди за вештачко креирање на „платформи” кои треба да го ослабат СДСМ.

Петар Арсовски е само еден во низата луѓе без морал и без срам“- пишува СДСМ во соопштението.

Непосреден повод за овој напад врз Петар Арсовски е неговата најнова колумна во Дојче Веле под наслов „СДСМ на раскрсница: поделба или нов почеток?“ во кој тој ја нализира појавата на новата иницијатива во опозицијата насловена „Разговори за иднината 12.05“.

Поврзани содржини