МАЖ НАСТРАДА ВО СТРАОТЕН ПОЖАР ВО СКОПСКИ ЖДАНЕЦ Гаснеле 19 пожарникари со седум противпожарни возила

Во гаснењето интервенирале 19 пожарникари со седум противпожарни возила од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

0

Маж го загубил животот во пожар што избувнал синоќа во скопската населба Жданец. Неговото тело било пронајдено во целосно изгорена барака, откако пожарникарите го изгаснале огнот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пожарот бил пријавен на 14 ноември, околу 23:40 часот, на улицата „Жданец“. Огнот ја зафатил бараката од околу 80 квадратни метри, во сопственост на 56-годишен скопјанец.






Поради површината на објектот и потребата од ангажирање поголем број пожарникари, интервенцијата траела речиси два часа. Во гаснењето интервенирале 19 пожарникари со седум противпожарни возила од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

По целосното гаснење на пожарот, во опожарениот објект било пронајдено телото на починатиот маж. Засега не се соопштува неговиот идентитет, а причините за избувнувањето на пожарот допрва треба да се утврдат. Надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини