🎥 „СТАРШИП“ НА „СПЕЈС ИКС“ СЕ ВРТИ ОД ОРБИТАТА И Е ФАТЕН ОД КРАЦИТЕ НА ЛАНСИРНАТА РАМПА Маск сака да лансира флота од летала за да изгради град на Марс
Претставници на „Спејс икс“ изјавија дека фаќањето на ракетата ја докажува можноста за целосна повторна употреба на „Старшип“, кој е наменет за патувања до Месечината и Марс.
„Старшип“ (Starship) на „Спејс икс“(SpaceX“) вчера се врати од орбитата и успешно беше фатен од огромните краци на лансирната кула – на истото место каде што, 22 часа претходно, започна неговото патување.
Ова беше првпат „Старшип“ да биде фатен при враќање од вселената, иако исходот не беше целосно онаков каков што се надеваа Илон Маск и неговиот тим кои планираа да направат двојно фаќање. Претходниот ден обидот беше неуспешен, а ракетата експлодираше над Мексиканскиот Залив, откако нејзините мотори се исклучија прерано.
– Можете ли да поверувате? – извика коментаторот на „Спејс икс“, Ден Хјут, нагласувајќи го секој збор. Погледнете го! Еј, се врати!
Претставници на „Спејс икс“ изјавија дека фаќањето на ракетата ја докажува можноста за целосна повторна употреба на „Старшип“, кој е наменет за патувања до Месечината и Марс.
Иако обидот за спасување на ракетата во петокот беше неуспешен, компанијата претходно успешно го извела фаќањето на во три наврати.
НАСА ја поздрави веста. Вселенската агенција издвојува милијарди долари за „Старшип“ со цел тој да ги пренесе астронаутите од мисијата „Артемида“ на Месечината подоцна оваа деценија и да помогне во изградбата на постојана база на Месечината.
Амбициите на Маск се уште поголеми: тој сака да лансира флота од летала „Starship“ за да изгради град на Марс.
„Беше речиси магично“, напиша Џаред Ајзакман (соработник на НАСА) на платформата X. „Секој ден има сè повеќе луѓе кои веруваат во ова… чекор поблиску до…“, додаде тој.
Како беше претходниот ден. Најголемата и најмоќната ракета во светот – џин висок 124 метри – полета доцна попладнето во петокот од базата на SpaceX, лоцирана во близина на границата меѓу САД и Мексико. Откако успешно се одвои од бустерот (потискувачката ракета) – пред да настане проблемот – горниот степен на леталото продолжи кон орбитата и ослободи 26 напредни сателити од мрежата „Starlink“. „Starship“ продолжи да кружи околу Земјата на височина од 165 милји (околу 265 километри), при што преку системот „Starlink“ се емитуваа снимки во живо од самото летало и од Земјата. Леталото направи 14 круга околу планетата, што е значително повеќе од претходната мисија, во која беа направени приближно два круга.
Ова беше 15-ти лет на „Спејс икс“ со „Старшип“ во целосна големина од 2023 година наваму, и втор лет во орбитата.
Од „Спејс икс““ изјавија дека сите системи на леталото, вклучително и клучниот топлински штит, функционирале добро.
Што се однесува до потиснувачката ракета (бустерот), Кејт Тајс од „SpaceX“ изјави дека нејзините мотори престанале да работат прерано за време на враќањето кон Земјата.
„Па, ова секако не се вестите што се надевавме дека ќе ги слушнеме денес“, рече Тајс по експлозијата во петокот, додавајќи дека тоа било во согласност со бројните строги безбедносни проверки чија цел е заштита на лансирната рампа.
Таа во саботата објасни дека системот за навигација на ракетата детектирал оти таа не се наоѓа во правилната положба, по што автоматски ја пренасочил кон вода и активирал самоуништување. Инженерите сè уште ја истражуваат причината за тоа.
„SpaceX“ очекува во текот на следните неколку месеци да започне со лансирање на „Starship“ од Вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида. Тоа ќе биде почетната точка за следната мисија „Artemis“ на НАСА, која нема да оди до Месечината, туку ќе остане во орбитата околу Земјата за да се вежба маневрирање со модулот за слетување на Месечината.
Четворицата астронаути од мисијата „Artemis III“ ќе се обидат да ја спојат својата капсула не само со „Starship“, туку и со модулот „Blue Moon“ на компанијата „Blue Origin“. Двете компании наизменично ќе превезуваат екипажи до површината на Месечината. НАСА планира мисијата „Artemis IV“ да се реализира најрано во 2028 година; тоа би било прво слетување на луѓе на Месечината уште од ерата на програмата „Аполо“, пред повеќе од половина век.