🎥 ТЕЈЛОР СВИФТ И ТРЕВИС КЕЛСИ СЕ ВЕНЧАА, ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ Свадбата на соништата во Њујорк ги надмина очекувањата

Невестата носеше уникатна венчаница изработена од модната куќа „Кристијан Диор“, дизајнирана од Џонатан Андерсон, дополнета со накит од „Картие“ и чевли од „Кристијан Лобутен“. И младоженецот носеше креација на „Диор“.

26

Поп-ѕвездата Тејлор Свифт и НФЛ-ѕвездата Тревис Келси официјално го кажаа судбоносното „да“ на раскошна, но приватна церемонија во Медисон Сквер Гарден, а во јавноста постојано излегуваат нови детали за еден од најследените настани во светот на шоу-бизнисот.






Свадбената церемонија ја водеше познатиот актер Адам Сендлер, додека братот на Тејлор, Остин Свифт, ја имаше улогата на старосват („man of honor“), а братот на младоженецот, Џејсон Келси, беше кум.

Меѓу гостите беа бројни светски познати личности од музиката, филмот и спортот, меѓу кои Џиџи Хадид, Бредли Купер, Хју Грант, Карли Клос, Камила Кабело, Итан Хок, како и повеќе НФЛ-ѕвезди. Во исто време, внимание привлече отсуството на Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс, кои викендот го поминаа надвор од Њујорк.

Невестата носеше уникатна венчаница изработена од модната куќа „Кристијан Диор“, дизајнирана од Џонатан Андерсон, дополнета со накит од „Картие“ и чевли од „Кристијан Лобутен“. И младоженецот носеше креација на „Диор“.

Еден од најинтересните нови моменти беше одлуката на Тејлор Свифт да нема класични деверуши, и покрај бројните блиски пријателки од светот на шоу-бизнисот. Наместо тоа, таа се одлучи за многу поинтимна и семејна церемонија, а нејзиниот брат доби една од најважните улоги.

За свадбата важеа исклучително строги безбедносни мерки. Гостите потпишаа договори за доверливост, а користењето мобилни телефони беше забрането за да се зачува приватноста на младенците и нивните гости.

Иако церемонијата беше затворена за јавноста, свадбата на Свифт и Келси за само неколку часа стана една од најкоментираните теми на социјалните мрежи и во светските медиуми, а се очекува во наредните денови да бидат објавени уште фотографии и детали од настанот.

Поврзани содржини