📽️📷 КАСАНДРА И ИГНАСИО ПОВТОРНО ЗАЕДНО ПО 3 ДЕЦЕНИИ Говорот на Освалдо Риос ги трогна фановите

Еден кадар беше доволен за да се вратат спомените од времето кога улиците се празнеа пред почетокот на новата епизода. Кораима Торес и Освалдо Риос, актерите кои ги толкуваа Касандра и Игнасио во една од најгледаните латиноамерикански серии, повторно се појавија заедно по повеќе од 30 години.

6

Повеќе од три децении по успехот на култната теленовела „Касандра“, Кораима Торес и Освалдо Риос повторно се појавија заедно на јавен настан. Фотографиите од Дубаи ги преплавија социјалните мрежи и разбудија спомени кај милиони гледачи.

Нивната средба во Дубаи веднаш стана хит на социјалните мрежи, особено во земјите каде што „Касандра“ има култен статус.






Фотографија што врати цела генерација назад

За многумина ова не беше обична средба на двајца актери. Новите фотографии ги потсетија гледачите на периодот кога љубовната приказна на Касандра и Игнасио ги држеше пред телевизор милиони луѓе ширум светот.

Иако двајцата продолжија со успешни актерски кариери, ретко се појавуваа заедно на јавни настани.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Osvaldo Ríos (@osvaldoriosalonso)

Награда, аплаузи и емотивен говор

Двајцата актери во Дубаи ја добија наградата „Top Humanity Leaders Award“, признание што се доделува за хуманитарна работа и придонес кон општеството.

Најемотивниот момент на вечерта се случи кога Освалдо Риос се искачи на сцената.

Наградата ја посвети на Венецуела, која ја нарече своја втора татковина, потсетувајќи дека токму таму ја снимил серијата што му ја променила кариерата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Osvaldo Ríos (@osvaldoriosalonso)

Венецуела, Порторико и порака што ги трогна сите

Риос ја спомена и писателката Делија Фијало, авторката на „Касандра“, а признанието го посвети и на својот роден Порторико. Говорот го заврши со цитат од легендарниот бејзбол играч Роберто Клементе.

– Ако имате можност да му помогнете на човештвото, а не го направите тоа, го трошите своето време на оваа планета – порача актерот.

Неговите зборови предизвикаа силни реакции и бројни коментари на социјалните мрежи.

Серија што го освои светот

„Касандра“ се смета за една од најуспешните латиноамерикански теленовели во историјата. Серијата беше емитувана во повеќе од 120 земји и преведена на десетици јазици.

Особена популарност стекна на Балканот, во Русија, Кина, Грција, Италија и во арапскиот свет.

Токму затоа повторната средба на Кораима Торес и Освалдо Риос за многумина не беше само средба на двајца актери, туку враќање во едно време што одбележа цела генерација.

Поврзани содржини