📽️ „САКАМ ПОКАНА ЗА СВАДБА!“ Запросување на Вимблдон, а Ѓоковиќ испрати урнебесна порака

Романтично запросување на трибините го привлече вниманието на публиката и на Новак Ѓоковиќ, кој со духовита порака им честиташе на идните младенци за време на мечот на Вимблдон.

0

Романтичен момент го одбележа натпреварот на Новак Ѓоковиќ против Кинезот Ву во првото коло на Вимблдон, кога еден навивач ја запроси својата девојка среде мечот. Запросувањето не остана незабележано ниту од српскиот тенисер, кој со духовита порака ги воодушеви присутните.

Додека мечот се играше на еден од терените на Вимблдон, на трибините едно момче клекна на колено и ја побара својата девојка за сопруга. Таа без двоумење ја прифати понудата, а романтичниот чин беше поздравен со силен аплауз од публиката.

 






Настанот го забележа и Новак Ѓоковиќ, кој накратко го прекина натпреварот за да им честита на идните младенци.

– Сакам покана за свадба – им порача Ѓоковиќ со насмевка, предизвикувајќи смеа и аплауз од трибините.

 

Младата двојка со гестикулација му одговори дека поканата сигурно ќе стигне и до него.

Романтичниот момент дополнително ја разубави вечерта за српскиот тенисер, кој по повеќе од три часа игра успеа да го совлада својот противник Ву и да ја запише 103 победа во кариерата на Вимблдон, продолжувајќи ја трката по нова гренд слем титула.

Поврзани содржини