ЗА ПУТИН Е НЕПРИФАТЛИВО СТРАНСКИ ТРУПИ ДА СЕ РАСПОРЕДАТ ВО УКРАИНА Тоа би значело продолжување на војната

На средбата со американските специјални пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер претседателот на Русија, Владимир Путин предложи привремен прекин на огнот во траење од 5 дена за организирање хуманитарна операција во украинскиот град Константиновка во регионот Донецк.

0

Целосно е неприфатливо распоредување странски војски на украинска територија, рече претседателот на Русија, Владимир Путин на средбата со американските специјални пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, посветена на војната во Украина и барање решенија за мир.

Според Путин, тоа би значело продолжување на војната.






– Европејците го знаат ова, но што слушаме? Дека по склучувањето на мирот, тие веднаш ќе распоредат трупи на украинска територија – рече Путин.

Тој ја отфрли и можноста за создавање демилитаризирани зони долж линијата на фронтот.

Москва инсистира на признавање на своите претензии кон четирите украински региони – Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон, кои во 2022 година ги прогласи за руска територија, иако Русија нема целосна контрола врз нив. Тој нагласи дека секое конечно решение мора да ги одразува границите што Русија ги смета за свои државни граници.

Путин, исто така, предложи привремен прекин на огнот во траење од 5 дена за организирање хуманитарна операција во украинскиот град Константиновка во регионот Донецк, каде што се водат жестоки борби. Рече дека паузата ќе им овозможи на руските сили да ги расчистат мините, со цел стотици цивили да бидат пренесени на безбедно преку заедничка хуманитарна операција со Украина.

Путин наведе дека Украина го смета градот Костантјиновка, што се наоѓа во близина на Краматорск, во регионот Донецк, за територија под нејзина контрола.

Тој предложи да се поканат меѓународни новинари, вклучително и од САД, за да ја следат операцијата – како што беше случајот при сличната евакуација од градот Олешки, што се наоѓа на линијата на фронтот во регионот Херсон.

Виткоф и Кушнер ја повикаа Русија да им дозволи на европските земји да разговараат за прекин на војната.

– Доколку избереме мултилатерален формат, можеме да продолжиме да напредуваме кон решавање на проблемите – истакна Кушнер.

Средбата во Кремљ следи по дводневните директни разговори помеѓу Русија и Украина во Абу Даби, каде што двете страни се согласија за нова размена на воени заробеници.

По средбата со Пурон, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде ќе имаат средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Ова е четврта посета на Виткоф кај Путин оваа година.

Пред заминувањето за Москва претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп рече дека една од целите на средбата во Москва „е да се обидеме да видиме дали можеме да ги вклучиме Европејците во овој формат, за да го претвориме во мултилатерален формат“, изјави Кушнер.

Поврзани содржини