Сите судења ќе продолжат со зголемено ниво на претпазливост

276

Министерството за правда препорачува продолжување на судските постапки со зголемено ниво на претпазливост.

„Сите судења за кои постојат законски услови треба да продолжат. Се препорачува оние судења за кои има масовен јавен интерес да продолжат со редуциран број на физичко присуство на јавноста за кои треба да се овозможи алтернативен начин за следење на судењето покрај физичкото присуство. Се препорачува искористување на просториите во кои има физичко одделување на учесниците во постапката и јавноста, како и користење на други можности за информирање, како видео пренос и слично“, се наведува во соопштението од Правда.






Оттаму очекуваат во судовите и во јавното обвинителство да се почитуваат сите останати мерки кои досега ги препорачаа Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија.

Поврзани содржини