СЕ СУДРИЈА ТРИ ВОЗИЛА НА РАСКРСНИЦА ВО ПРИЛЕП Тешко повреден возач од Кавадарци
Во несреќата тешко бил повреден возачот на „фолксвагенот“, З.Б.(52), кој бил префрлен во Градската болница во Прилеп.
Возач од Кавадарци, на 52-годишна возраст, тешко е повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладнето во Прилеп на крстосницата меѓу улиците Тризла, Горан Миноски и 11 Октомври, информира СВР Битола.
Во судирот учествувале патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Б. од Кавадарци, товарно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал С.Т. (39) од селото Мало Коњари, како и патничко возило „сузуки“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.А. (27) од Прилеп.
Во несреќата тешко бил повреден возачот на „фолксвагенот“, З.Б., кој бил префрлен во Градската болница во Прилеп.