РОНАЛДО ГО ПРАВИ НАЈГОЛЕМИОТ ЧЕКОР ВО ЖИВОТОТ? Шпанското списание „Хола“ ги демантира шпекулациите на португалските медиуми

Кристијано Роналдо и Георгина Родригез, според португалските медиуми, подготвуваат голем приватен настан по девет години врска, а интересот за деталите е огромен.

70

Кристијано Роналдо и Георгина Родригез наводно подготвуваат посебен настан кој би можел да ја круниса нивната долгогодишна врска.

Според информациите на португалските медиуми, славниот фудбалер и неговата партнерка во сабота ќе направат голем чекор во нивниот заеднички живот. Иако веста сè уште не е официјално потврдена, ниту Роналдо ниту Георгина не ја демантирале.






Наводно, Георгина сакала прославата да биде далеку од очите на јавноста, со ограничен број гости и без голем медиумски спектакл. Сепак, поради популарноста на парот, интересот за настанот е огромен.

И покрај желбата за приватност, веќе се појавија информации за дел од можните гости. Од фудбалскиот свет се споменуваат имиња како Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Родриго од Реал Мадрид, иако тие не биле соиграчи на Роналдо за време на неговиот последен период во „кралскиот клуб“.

Сè уште нема информации дали на прославата ќе присуствуваат негови актуелни соиграчи од Ал Наср.

Освен спортски ѕвезди, во јавноста се шпекулира и со присуство на бројни светски познати личности, меѓу кои Вин Дизел, Ријана, Џенифер Лопез, Дрејк, Хабиб Нурмагомедов и Пирс Морган.

Според списанието „Хола“, шпекулациите во португалските медиуми, се чини дека се неточни.

Имено, списанието потврди дека Роналдо и Џорџина нема да се венчаат овој викенд, ставајќи крај на шпекулациите што се шират со денови.

Овие информации се во согласност со јавно достапните информации за самата локација која се споменуваше како место на настанот. Имено, имотот  Kinta da Regaleira останува отворен за туристи на 1 август, а билети за турите се достапни во текот на целиот ден.

Роналдо и Георгина се заедно од 2016 година. Нивната љубовна приказна започна во продавница за луксузна облека во Мадрид, каде што Георгина тогаш работела како продавачка. Оттогаш, таа стана една од најпознатите личности во светот, а парот заедно има две деца, додека Георгина е мајка и на уште три деца од претходните врски на фудбалерот.

Поврзани содржини