📽 СЕ ПРОШИРУВААТ ГРОБИШТАТА ВО КОЧАНИ Планиран е колективен погреб за жртвите од трагедијата

Во Кочани е планиран колективен погреб за жртвите. Во меѓувреме, Институтот за судска медицина во Скопје врши обдукција и ДНК анализа на телата за да може семејствата да ги препознаат своите најблиски за да ги погребаат.

3,305

Општински работници од Куманово се напомош во Кочани каде што се прошируваат гробиштата и се прават нови гробни места за жрвтите од трагедијата во пожарот во дискотеката „Пулс“. Ројтерс објави видео-репортажа и интервјуираше еден од работниците.

Во Кочани е планиран колективен погреб за жртвите. Во меѓувреме, Институтот за судска медицина во Скопје врши обдукција и ДНК анализа на телата за да може семејствата да ги препознаат своите најблиски за да ги погребаат.






Не е познато кога ќе заврши процесот на обдукција и идентификација.

Српска Република пишува дека посебно ќе бидат погребани само возачот на Брзата помош кој почина од стрес пренесувајќи повредени и полицаецот од Штип, кој загина во пожар, бидејќи на тоа инсистирале нивните семејства. Порталот пишува дека според информации од терен нови гробови ќе се копаат уште најмалку два дена.

Во пожарот во клубот „Пулс“ загинаа најмалку 59 лица, додека повеќе од 150 лица се хоспитализирани.

 

Поврзани содржини