САД ЌЕ РАБОТАТ НА УБЕДУВАЊЕ НА РУСИЈА ЗА ДОГОВОРОТ Зеленски му се заблагодари на Трамп за преговорите во Џеда

Како значаен дел од денешниот разговор, Зеленски го истакна американскиот договор за обновување на размената на разузнавачки информации со Украина.

278

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за „конструктивноста на разговорите меѓу нашите тимови“ кои се одвиваа денеска во Џеда, Саудиска Арабија.

Во видео-обраќање, Зеленски повтори дека украинската позиција е да го прифати денешниот американски предлог за прекин на огнот на небо, море и на фронтот.






– Го сметаме за позитивен чекор – изјави тој, додавајќи дека САД „мораат да ја убедат Русија“ да се согласи на договорот.

Како значаен дел од денешниот разговор, Зеленски го истакна американскиот договор за обновување на размената на разузнавачки информации со Украина.

– Украина е подготвена за мир, нагласи тој и додаде: „Русија мора да покаже дали е подготвена да ја запре војната или да ја продолжи. Време е за целосна вистина. Им благодарам на сите кои ѝ помагаат на Украина“.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, кој учествуваше во разговорите, исто така се заблагодари на САД за „конструктивниот состанок“.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Јермак нагласи дека „заштитата на интересите на Украина е најважна за нас“.

„Праведен мир е клучен за нас“, додаде тој, истакнувајќи дека Украина бара „траен мир“.

Поврзани содржини