РЕДИЦИ ВОЗИЛА НА ЈУЖНАТА И НА СЕВЕРНАТА ГРАНИЦА На Богородица се потребни до 2 часа да се поминат двете гранични контроли

АМСМ информира дека за излез од македонска страна се чека од 30 минути до 1 час.

0

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез, времето на чекање е околу 30 минути до 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.






Граѓани на социјалните мрежи тврдат дека утрово помеѓу два и три часа се потребни за да ги минете двете пасошки контроли кон Грција на граничните премини Богородица и Дојран.

Поврзани содржини