РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ОВАА НЕДЕЛА НА ВЛАДА Мицкоски најави дека предлогот бргу ќе се најде во Собранието

Министерството за финансии веќе започна подготовки, фокус на стабилни јавни финансии и капитални инвестиции.

0

Премиерот Христијан Мицкоски очекува ребалансот на Буџетот оваа недела да биде усвоен на седница на Владата, по што ќе биде доставен во Собранието на понатамошно разгледување.

– Очекувам оваа недела ребалансот да помине на владина седница и да се најде во Парламентот – изјави кусо Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по најавата за нова инвестиција вредна 20 милиони евра.






Во меѓувреме, Министерството за финансии веќе ги започна консултациите и состаноците за изработка на ребалансот на буџетот.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска претходно соопшти дека ребалансот ќе биде подготвен согласно среднорочната фискална рамка и стратешките приоритети на Владата, меѓу кои се стабилни јавни финансии, фискална консолидација, инфраструктурен развој, енергетска транзиција и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Таа во објава на социјалните мрежи посочи дека глобалната економија се соочува со сериозна неизвесност, предизвикана од геополитичките случувања и конфликтите на Блискиот Исток, што влијае врз енергетските текови, инфлацијата и глобалниот економски раст.

„Затоа остануваме посветени на одговорно и дисциплинирано управување со јавните финансии, со јасен фокус на зачувување на макроекономската стабилност, поддршка на економскиот раст и реализација на капитални инвестиции“, напиша Димитриеска-Кочоска.

Поврзани содржини