РАКОМЕТЕН СУДИР НА ТИТАНИТЕ! 32 нации, една титула, започнува Мундијалот, Македонија подготвена за борба

Mакедонската репрезентација, која ќе игра во група Д заедно со Унгарија, Холандија и Гвинеја. Нашите ракометари веќе утре ќе го имаат својот прв натпревар на Мундијалот, а противник ќе биде силната репрезентација на Унгарија.

424

Љубителите на ракометот со нетрпение очекуваат да дојде 17:30 часот бидејќи со натпреварот Италија – Тунис во Пореч, Хрватска, започнува 29-от Светски шампионат во ракомет. Ова е почеток на еден од најголемите спортски настани во светот, кој ќе трае до 2 февруари, привлекувајќи внимание на милиони фанови на ракометот.

На овој Мундијал, домаќини покрај Хрватска ќе бидат и Данска и Норвешка, а 32 репрезентации, поделени во осум групи, ќе се борат за престижната титула. Меѓу нив е и македонската репрезентација, која ќе игра во група Д заедно со Унгарија, Холандија и Гвинеја.






Состав на групите:

Група А (Хернинг, Данска): Германија, Полска, Чешка, Швајцарија.

Група Б (Хернинг): Данска, Италија, Тунис, Алжир.

Група Ц (Пореч): Австрија, Франција, Кувајт, Катар.

Група Д (Вараждин, Хрватска): Унгарија, Македонија, Холандија, Гвинеја.

Група Е (Осло, Норвешка): Португалија, САД, Норвешка, Бразил.

Група Ф (Осло): Шпанија, Чиле, Шведска, Јапонија.

Група Г (Загреб, Хрватска): Словенија, Куба, Исланд, Зеленортски Острови.

Група Х (Загреб): Египет, Аргентина, Хрватска, Бахреин.

Првите три репрезентации од секоја група ќе обезбедат место во главната рунда, каде што ќе продолжи трката за медалите.

Фаворити за титулата

Најголемите надежи за златото се насочени кон Данска, која ги брани претходните три титули и атакува на историски четврти наслов по ред. Франција, актуелните европски шампиони, Германија, Шпанија, Шведска и Хрватска се исто така во центарот на вниманието како главни конкуренти за врвните позиции.

Денешен распоред на натпревари:

17:30 Италија – Тунис

18:00 Франција – Катар

20:30 Австрија – Кувајт

20:30 Данска – Алжир

Распоред на натпреварите на Македонија на СП 2026

15.01.2025 МАКЕДОНИЈА – Унгарија 20:30 часот

17.01.2025 МАКЕДОНИЈА – Холандија 18:00 часот

19.01.2025 МАКЕДОНИЈА – Гвинеја 20:30 часот

Македонија ќе игра во Вараждин во Д групата против, Унгарија, Холандија и Гвинеја. И во втората рунда (минуваат три селекции) Македонија ќе остане во Вараждин, а противници би биле трите
првопласирани од Ц групата, Франција, Австрија, Катар и Кувајт.

Македонија ќе игра во Вараждин во Д групата против, Унгарија, Холандија и Гвинеја. И во втората рунда (минуваат три селекции) Македонија ќе остане во Вараждин, а противници би биле трите
првопласирани од Ц групата, Франција, Австрија, Катар и Кувајт.

Останува да видиме кои репрезентации ќе го одбележат почетокот на овој спектакуларен ракометен Мундијал. Македонија со нетрпение го очекува својот прв настап, додека љубителите на спортот ширум светот ќе уживаат во вистински ракометен празник!

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЗАВРШИ НА 22 МЕСТО? Ракометарите на Данска, Франција и Германија фаворити за златото на СП 2025

Поврзани содржини