ПРОНАЈДЕНО ШЕСТГОДИШНОТО ДЕВОЈЧЕ ОД КУМАНОВО Детето било пронајдено на подрачјето на Гази Баба
Од полицијата велат дека детето било пронајдено на подрачјето на Гази Баба.
Полицијата го пронајде шестгодишното девојче од Куманово откако нејзината мајка попладнево пријавила дека се оддалечила од домот, информираше СВР Куманово. Детето било пронајдено на подрачјето на Гази Баба.
Родителите случајот го пријавиле во полиција, а побараа помош и од медиумите и граѓаните на социјалните мрежи. Попладнево девојчето е пронајдено, соопшти полицијата.
– Денеска во 15: 00 часот во СВР Куманово С.Т. (28) од Куманово пријавила дека нејзината 6 годишна ќерка се оддалечила од домот. Девојчето било пронајдено на подрачје на Гази Баба, соопшти СВР Куманово.