НИКОЛОСКИ ОЧЕКУВА ПОБЕДА ВО БРВЕНИЦА ВО ПРВИОТ КРУГ Инвестирани 114 милиони денари, проектите ќе продолжат со идниот градоначаланик Радичевски

Ги повикувам сите жители на општина Брвеница да излезат масовно во недела и да гласаат за бројот 1, за Стојанчо Радичевски, порача на вечерашниот собир вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, пред локалните избори во оваа општина во недела.

1

Инвестиции вредни 114 милиони денари се реализираат во општина Брвеница, а проектите ќе продолжат и во наредниот период со поддршка на новиот градоначалник Стојанчо Радичевски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, порача на вечерашниот собир вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, пред локалните избори во оваа општина во недела.

Тој истакна дека развојот на општината треба да продолжи во насока во која се работело во изминатите години.






– Да ја развиваме општина Брвеница во насока во која што и почнавме после победата и на минатогодишните локални избори, но и во претходниот период, во претходните 4 години. Инвестираме многу во општина Брвеница, а со поддршка на новиот градоначалник, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, проектите ќе продолжат да се реализираат – рече Николоски.

Тој ги повика жителите на општина Брвеница да излезат на гласање во недела и да гласаат за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски.

Николоски очекува победа во првиот круг.

– Очекувам масовна победа во недела. Ги повикувам сите жители на општина Брвеница да излезат масовно во недела и да гласаат за бројот 1, за Стојанчо Радичевски – повика Николоски.

Тој побара поддршка и преку фејсбук страницата:

„Стојанчо Радичевски е вистинскиот избор за Брвеница! Брвеница беше еден од дијамантите на изборите во 2025 година, оттогаш општината доживува навистина еден голем прогрес и еден силен развој којшто треба да продолжи. Затоа, во недела, граѓаните да дадат масовна поддршка за бројот 1 и да продолжиме заеднички да ја развиваме Брвеница! Победуваме!“

Поврзани содржини