В НЕДЕЛА СНЕГ, ПОТОА ЌЕ СТЕГНЕ СТУДОТ Утрински температури од -18 во среда
Новата работна седмица ќе донесе стабилно, но многу студено време. Утринските температури речиси насекаде ќе бидат под нулата, а наместа ќе има магла. Ќе дува слаб, повремено умерен северен ветер.
Облачно време со повремени локални врнежи, претежно од снег, нè очекува утре, недела, 29 ноември. Во пониските места долж Повардарието ќе врне дожд и снег, а кон крајот на денот врнежите ќе престанат, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен северен ветер, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринските температури ќе се движат од −6 до 4 степени, а дневните од −3 до 6 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во делови од котлината повремено ќе засилува.
Новата работна седмица ќе донесе стабилно, но многу студено време. Утринските температури речиси насекаде ќе бидат под нулата, а наместа ќе има магла. Ќе дува слаб, повремено умерен северен ветер.
Во понеделник минималните температури ќе бидат од −7 до 2 степени, а максималните од −3 до 7 степени. Во вторник утринските ќе се спуштат до −16 степени, додека дневните ќе достигнат од −3 до 8 степени.
Најстудено утро се очекува во среда, со температури од −18 до −6 степени. Во текот на денот ќе бидат од 0 до 6 степени.