ПРОДАВАЛ СТАНОВИ СО ЛАЖНИ ДОКУМЕНТИ Измама тешка илјадници евра во Охрид

Огласи на интернет, фалсификувани документи и жртви што платиле за нешто што не постои.

106

Сопственик на фирма од Охрид, на возраст од 43 години, заработи кривична пријава откако со месеци продавал станови со лажни документи.

Во текот на 2024 и 2025 година, тој фалсификувал одобрение за надградба на станбена зграда, претставувајќи го како официјален документ издаден од општина Охрид. Со тоа „покритие“ се рекламирал на веб-страници за продажба и нудел станови што реално немале валидна дозвола.

Според информациите од МВР, повеќе лица наседнале на измамата и му уплатиле пари, верувајќи дека купуваат легален имот.

Поврзани содржини