Шефот на Здружениот штаб на американската армија генерал Марк Мили, изјави дека Авганистан може да биде на раб на граѓанска војна.
„Мојата воена проценка е … дека најверојатно ќе се развијат услови за граѓанска војна“, изјави Мили за Фокс њуз во воздухопловната база Рамштајн во Германија.
– Не знам дали талибанците ќе можат да ја консолидираат моќта и да воспостават управување. Таквиот развој на настаните може да доведе до искористување на терористички групи од вакуумот за моќ во Авганистан – предупреди Мили.
Стравот, рече тој, е дека Ал Каеда ќе се прегрупира, екстремистите на ИД ќе го прошират своето влијание, или „ќе се шират други огромен број терористички групи“.
– Може да видите повторно оживување на тероризмот од тој регион во рок од 12, 24, 36 месеци. И ние ќе го следиме тоа – нагласи тој.