🎥📷 ПОЖАР ВО СТАН ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБА ХРОМ Едно лице го загуби животот

Засега нема детали за за идентитетот на загинатото лице, а причините за смртта дополнително ќе се утврдуваат.

617

Еднo лице загина во пожарот што утрово нешто по 9 часот избувна во стан на улица Исаија Мажовски во скопската населба Хром, објави ТВ Телма.






Засега нема детали за за идентитетот на загинатото лице, а причините за смртта дополнително ќе се утврдуваат.

Гореше стан на четвртиот кат од петокатница. Противпожарната бригада на Град Скопје интервенираше во гаснењето  на огнот со три противпожарни возила. На местото беа распоредени и екипи на итната медицинска помош, но првичните информации говорат дека нема повредени лица.

Поврзани содржини