СЕ ШИРИ ПОЖАР ВО ШТИПСКО, ВКЛУЧЕН Е И ЕР ТРАКТОР Едно лице се здобило со минимални изгореници

Пожарот избувнал меѓу селата Долани и Љуботен. Огнот е ставен под контрола од страната кон Долани, но и натаму зафаќа сува трева, нискостеблеста и борова шума кон Љуботен.

13

Едно лице од локалното население се здобило со минимални изгореници во пожарот што денеска избувнал помеѓу селата Долани и Љуботен, во Општина Штип, информираат од Центарот за управување со кризи. Екипата на Итната медицинска помош веднаш интервенирала и на лицето му била укажана соодветна медицинска помош. Според досегашните информации, нема други повредени лица.

По пријавата за пожар во атарот на селото Долани, Општина Штип Територијалната противпожарна единица – Штип веднаш интервенирала со две екипи.






Во гаснењето на пожарот помеѓу штипските села села Долани и Љуботен вечерва се вклучи и Ер трактор кој започна да фрла вода врз огнената стихија која опфаќа голема површина.

На терен пожарот го гаснат 18 пожарникари од ТПП Штип, 12 доброволци од Доброволното противпожарно друштво Штип, и месното население. Со помош на багери се прават и пресеци во близина на селото Долани за да не се префлри огнот кон куќите. Бидејќи пожарот е на непристапен терен се гасне со пожарникарски метли.

Фото: ЦУК

Зоран Младеновски од ДПД Штип вели дека во моментов се прават напори пожарот да не зафати стара борова шума.

Фото: ЦУК

Пожарот избувнал помеѓу селата. Од страната кон селото Долани, со помош на трактори биле изорани заштитни појаси, по што огнот бил ставен под контрола и изгаснат, без опасност од негово ширење кон населеното место.

Во моментов, пожарот се шири во правец кон селото Љуботен, каде што гори сува трева, нискостеблеста и борова шума.

Во гаснењето и локализирањето на пожарот ангажирани се едно противпожарно возило, три противпожарни џипови и 10 пожарникари, една работна машина (скип) од ЈП „Стипион“ – Штип, четири трактори, како и екипи на полицијата и Итната медицинска помош, информираат од ЦУК.

Поврзани содржини