ТЕШКА НЕСРЕЌА КАЈ РАДИШАНИ Осум повредени, меѓу нив и четири деца

Во судир помеѓу „мерцедес“ и „фолксваген голф“ на локалниот пат Љуботен–Радишани се повредени осум лица, меѓу кои и четири малолетници, потврди МВР.

0

Осум лица, меѓу кои и четири малолетници, се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат меѓу селата Љуботен и Радишани во скопскиот регион.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 12 јуни во 15:30 часот било пријавено дека дошло до судир помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од 35-годишната Ф.М. од село Љуботен, и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од 20-годишниот А.Љ., исто така од Љуботен.






Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачката на „мерцедесот“ Ф.М., нејзината сопатничка Б.И. и возачот на „голфот“ А.Љ.

Со телесни повреди се здобиле и четири малолетници на возраст од 12 до 15 години кои се наоѓале во возилото „мерцедес“, како и 50-годишната сопатничка С.Љ. од село Љубин, која се превезувала во „голфот“.

Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје.

За несреќата бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани содржини