МРТОВ МАЖ СО ТРАГИ НА НАСИЛСТВО ПРОНАЈДЕН ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Полицијата истражува што се случило со 62-годишниот скопјанец
Шеесет и двегодишниот маж бил пронајден во својот дом во Ѓорче Петров. По увидот, телото било предадено на обдукција, а полицијата презема мерки за утврдување на околностите.
Маж на 62-годишна возраст бил пронајден починат во својот дом во скопската општина Ѓорче Петров, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт со траги на насилство. Полицијата истражува што се случило.
Случајот бил пријавен вчера во 18:40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје. Починатиот, идентификуван со иницијалите С. Ј. (62), бил пронајден во својот дом.
По пријавата, бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција, која треба да помогне во утврдувањето на причините и околностите на смртта.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.