📽️ 13-ГОДИШНИК ГИ ОТКОРНА КАНДЕЛАБРИТЕ ВО КАРПОШ Полицијата го повика родителот во станица, следат санкции
По пријава од Општина Карпош и објавените снимки на социјалните мрежи, полицијата утврди дека 13-годишно момче оштетило и откорнало канделабри во близина на фитнес-игралиштето на улицата Волгоградска.
Полицијата го расчисти случајот со оштетувањето на канделабрите во парк на подрачјето на Општина Карпош, откако утврди дека зад вандалскиот чин стои 13-годишно момче од Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 12 јуни, во 21:30 часот, во Полициската станица Карпош бил извршен службен разговор со 48-годишен скопјанец, татко на малолетникот.
Според информациите, по преземените мерки и постапувањето по претходна пријава поднесена од Општина Карпош, полициските службеници од СВР Скопје – Полициска станица Карпош утврдиле дека на 11 јуни, околу 21:30 часот, на улицата Волгоградска, во близина на фитнес-игралиштето, 13-годишникот оштетил и откорнал канделабри за улично осветлување.
Случајот предизвика реакции во јавноста откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како малолетници вандалски се однесуваат кон урбаната опрема во еден од парковите во Карпош.
Од МВР посочуваат дека по целосното документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно законските процедури.
View this post on Instagram