🎥 ТЕЈЛОР СВИФТ ВЛЕЗЕ ВО КУЌАТА НА СЛАВНИТЕ ТЕКСТОПИСЦИ Пејачката е најмладата жена изведувач што некогаш била примена во SHOF
Иако Свифт е најмладата жена на која ѝ припаднало ова признание, единствениот помлад уметник во историјата на организацијата останува легендарниот Стиви Вондер, кој беше примен на 32-годишна возраст.
Пејачката Тејлор Свифт, во придружба на нејзините родители Скот и Андреа Свифт, нејзината идна свекрва Дона Келси и нејзиниот свршеник Тревис, постигна уште еден голем успех – влезе во историјата како најмладата жена изведувач што некогаш била примена во Куќата на славните текстописци (SHOF-The Songwriters Hall of Fame).
Извршната директорка и претседателка на Куќата на славните текстописци, Линда Моран, го направи овој момент уште поемотивен за Свифт со своето обраќање:
– Тејлор Свифт ја доби нашата награда „Hal David Starlight“ во 2010 година. Сега таа е официјално примена тука како најмладата жена во историјата. Единствено Стиви Вондер ја победи во оваа категорија, бидејќи тој почна на 13 години, а таа на 15. Тејлор, сè што можам да кажам е дека се надевам дека веќе работиш на освојување на наградата Johnny Mercer.
View this post on Instagram
Иако Свифт е најмладата жена на која ѝ припаднало ова признание, единствениот помлад уметник во историјата на организацијата останува легендарниот Стиви Вондер, кој беше примен на 32-годишна возраст.
Taylor Swift stuns at the Songwriters Hall of Fame ahead of her induction.
(🎥: @Variety) pic.twitter.com/6TmzkHYh5G
— Pop Base (@PopBase) June 11, 2026
Доколку изведувачката на хитот „Cruel Summer“ ја добие наградата „Johnny Mercer“ во следните 15 години, таа ќе постави нов рекорд како најмлад примател на ова признание. Овој рекорд моментално го држи Били Џоел, кој имаше 52 години кога ја прими наградата во 2001 година, додека најмладата жена со ова признание е Керол Кинг, која беше почестена со признанието на 60-годишна возраст, во 2002 година.
Инаку, наградата „Johnny Mercer“ е највисокото признание што го доделува Куќата на славните текстописци и е резервирана исклучиво за уметници кои веќе се примени во Куќата, а чиј опус претставува исклучителен и траен стандард на совршеност во пишувањето песни.