НЕ ЗАСТАНАЛ КАЈ ВАСИЛЕВО, КАЈ БОГДАНЦИ НАПАДНАЛ ПАТРОЛА Уапсен 18-годишник со „мерцедес“

Момчето од струмичко не застанало на полициски знак за запирање и продолжило да вози со голема брзина. Откако било стигнато во Богданци, физички нападнало полициски службеници.

280

Осумнаесетгодишник од струмичко е приведен откако ноќеска се обидел да избега од полициска контрола, а потоа физички нападнал полициски службеници.

Инцидентот се случил во Богданци, по потера што започнала откако возачот не застанал на даден знак за запирање.






Според информациите од Министерството за внатрешни работи, М.И.(18) од селото Василево управувал „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки и продолжил да се движи со голема брзина и покрај наредбата на полициските патроли. Во Богданци го запрел возилото и се обидел да побегне, но полициските службеници го стигнале.

При интервенцијата, тој физички нападнал полицајци.

Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

По целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини