ПОЛОВИНА ОД ПАРИТЕ ЗА ИРАН СЕ ВЕЌЕ ОБЕЗБЕДЕНИ, ЕВЕ ОД КОГО Додека се чека договорот, инвеститорите бројат милијарди

По објавата за рамковниот договор од 14 точки, нови информации откриваат како Техеран би можел да добие пристап до 300 милијарди долари за обнова од приватен инвестициски фонд. Според изворите на Ројтерс, интерес покажале компании од САД, Јапонија, Јужна Кореја, Сингапур, Малезија и од земјите од Перискиот Залив.

55

Додека вниманието е насочено кон нуклеарната програма, санкциите и Ормускиот Теснец, зад кулисите се подготвува финансиски механизам што би можел да биде највредниот дел од договорот меѓу САД и Иран.

Според Ројтерс, рамковниот договор предвидува формирање приватен инвестициски фонд вреден 300 милијарди долари.






Уште поинтересно, повеќе од половина од таа сума e веќе oбезбедена.

Кој веќе ставил пари?

Според изворите на Ројтерс, интерес покажале компании од САД, Јапонија, Јужна Кореја, Сингапур, Малезија и земјите од Персискиот Залив.

Засега не се објавени имињата. Но фактот дека повеќе од 150 милијарди долари веќе се обезбедени покажува колкав интерес постои за иранскиот пазар.

Иран располага со четврти најголеми резерви на нафта и втори најголеми резерви на природен гас во светот.

Земјата има и повеќе од 90 милиони жители.

Не се репарации, туку инвестиции

Ова е важна разлика. Техеран првично барал околу 400 милијарди долари воени репарации по конфликтот со САД и Израел.

Вашингтон го одбил тоа барање.

Наместо репарации, се родила идејата за огромен инвестициски фонд. Парите нема да доаѓаат од американски даночни обврзници.

Нема да се користат ниту државни субвенции. Фондот треба да се полни исклучиво со приватен капитал.

Каде би завршиле парите?

Планот предвидува инвестиции во енергетиката, транспортот, логистиката и индустријата. Меѓу проектите што се споменуваат се реконструкција на рафинерии, аеродроми, челичарници и друга инфраструктура оштетена од војната.

Тоа е веројатно најконкретниот економски дел од договорот што досега излезе во јавноста.

60 дена за конечно „да“ 

Фондот нема да почне да функционира веднаш. Тој ќе биде активиран само ако во следните 60 дена САД и Иран постигнат конечен договор.

Според потпретседателот Џej Ди Венс, Техеран ќе мора да прифати строги инспекции, да ја демонтира нуклеарната програма и да се откаже од залихите збогатен материјал.

Дури потоа би можеле да се отворат вратите за милијардите долари инвестиции.

Поврзани содржини